Connect with us

Ракомет

Штербик играч на месец октомври во Лигата на шампионите

Голманот на Вардар, Арпад Штербик доби ново индивидуално признание од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) – најдобар играч за месец октомври 2017.

Штербик беше еден од најзаслужните за победите на европскиот шампион Вардар против Загреб и Барселона на домашен терен и за ремито со ПИК Сегед во Унгарија.

Конкуренција на Штербик му беа: Енди Шмит од Рајн Некар Левен, Сандер Сагосен од ПСЖ, клупскиот колега Вуко Борозан и Момир Илиќ од Веспрем.

Во женска конкуренција наградата и припадна на Словенката Ана Грос, која го носи дресот на француски Мец.