Connect with us

Други спортови

Што кажа Ѓоковиќ претходно за вакцините и зошто одби да се вакцинира?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одбива да се вакцинира, поради што во последно време има проблеми.

Антиваксери има многу, но меѓу најпознатите дефинитивно е првиот рекет во светот. Ѓоковиќ одбива да се вакцинира од почетокот на пандемијата на коронавирус, а тоа сега му создаде проблеми бидејќи неговиот настап на Австралија Опен е под знак прашалник.

Тој беше запрен на аеродромот во Мелбурн и таму е веќе четири дена. Според последните наводи, Ѓоковиќ бил позитивен на коронавирус на 16 декември минатата година, но се уште е под знак прашалник дали австралиските власти ќе му дозволат да влезе во земјата.

Иако многумина често му се жалат на Новак за неговите ставови за вакцинацијата, што всушност рекол тој за тоа? Засега не објави дали е вакциниран или не против коронавирус, но се чини дека не е вакциниран и во своите изјави јасно кажа што мисли за вакцинацијата.

„Не сум прв за вакцини, нема да се вакцинирам. Ако е задолжително, ќе треба да размислам. Сега стојам зад тоа, но дали тоа ќе се промени, ако значи дека ќе патувам“, изјави Ѓоковиќ.

Подоцна изјави дека „не сум експерт, но сакам да ја имам опцијата да изберам што е најдобро за моето тело“.

Ѓоковиќ бара начини да си го зајакне метаболизмот за да се одбрани од вирусот, но свесен е дека ова како и сега може да му создаде проблеми, односно бил загрижен во 2020 година што ќе се случува во иднина и дали ќе му наштети неговиот став за вакцините.

Тениската ѕвезда има репутација кога станува збор за сомнителни научни тврдења.

Во својата книга Сервирај за победа, тој го опиша состанокот во 2010 година со нутриционист кој побарал од него да држи парче леб во левата рака додека тој ја притискал десната. Ѓоковиќ тврди дека бил многу послаб додека држел леб, а тоа го изјавил како доказ за нетолеранција на глутен.

А за време на разговор во живо на Инстаграм, тој тврдеше дека позитивната мисла може да ја „исчисти“ загадената вода, додавајќи дека „научниците докажале дека молекулите во водата реагираат на нашите емоции“.