Connect with us

Фудбал

Што ќе се случи со Салах?

Ливерпул загуби во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со 0:1.

„Црвените“ на тој начин ја завршија сезоната со два трофеи во Лига купот и ФА Купот, а се чини дека летово ги очекува сериозен ремонт на тимот.

Садио Мане оди во Баерн, заминува и Дивок Ориги, под знак прашалник се Наби Кеита, Жоел Матип, Жо Гомез и Алекс Чемабрлејн.

Она што најмногу ги интересира навивачите на Ливерпул е судбината на Мохамед Салах.

Египќанецот во јуни ќе разговара со челниците на Ливерпул, а доколку не ја прифатат понудата што ја сака Салах, Египјанецот ќе го напушти „Енфилд“, но дури во летото 2023 година кога ќе му истече договорот, односно би заминал како слободен играч.

Доколку се договорат, Салах би го продолжил договорот со „црвените“ на уште четири години, што би значело дека најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.

За Салах веќе има интерес од некои клубови од Премиер, но и од Шпанија, сепак за подетални информации за судбината на Мохамед Салах ќе треба да се почека јунската средба со челниците на Ливерпул.