Connect with us

Фудбал

Што може Роналдо да му донесе на Јунајтед? Тен Хаг објасни со еден збор

Германскиот стручњак Рлаф Рангник на клупата на Манчестер Јунајтед го наследи Холанѓанецот Ерик тен Хаг.

Сега веќе поранешниот тренер на Ајакс беше претставен на „Олд Трафорд“ вчера на прес-конференција.

Ерик тен Хах беше прашан што може да му донесе Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а тој одговорот го даде со еден збор.

„Цели. Имам добро чувство создадено од луѓето околу мене, сега ни останува само да направиме план, да соработуваме и да го постигнеме посакуваниот успех“, рече тој и додаде:

“Кој е нашиот план? Огромен! Немаме многу време, ќе го пренесеме на играчите и персоналот”.

Кристијано Роналдо оваа сезона за Манчестер Јунајтед постигна 24 гола на 38 натпревари.

Неверојатно, но Португалецот ја заврши оваа сезона, не само што не ја освои Лигата на шампионите, туку беше на чекор од настап во Конференциската лига.

Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Кристал Палас со 1-0 во последното коло од Премиер лигата.

По овој резултат, „црвените ѓаволи“ го завршија првенството на 6. место и следната сезона ќе учествуваат во Европската лига. Тимот од „Олд Трафорд“ заврши на само два бода пред Вест Хем и беше на чекор од настап во Конференциската лига.

Веќе многу се зборуваше за неговото заминување од Јунајтед бидејќи клубот нема да игра во Лигата на шампионите, но се чини дека нема ништо од тоа.