Connect with us

Фудбал

Што се случува со Дибала?

Аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала не е позитивен на Ковид-19 како што објави вчера шпанска телевизија. Ова го тврди неговата девојка Оријана Сабатини, во изјава за аргентинските медиуми.

-Дибала не е повторно позитивен. Се уште ги чекаме резултатите на тестот. Мораше да се тестира и сега ги чекаме одговорите. Не знаеме од каде на медиумите такви вести, но ние не ги дадовме. Како што порано кажавме, мирно и со позитивен став ги чекаме негативните резултати, вели Оријана, која призна дека нејзиниот последен тест бил негативен.