Connect with us

Фудбал

Што се случува во Бока јуниорс?

Неверојатни вести доаѓа од Аргентина.

Дури 18 фудбалери на Бока јуниорс се позитивни на коронавирус, а тоа е потврдено од клубот.

Бока го прекина тренингот и целиот тим оди во изолација, а идентитетот на фудбалерите не е откриен.

Десет фудбалери се пријавени дека имаат лесни симптоми, додека осум се асимптоматски.

„Сите ќе останат под строга контрола и изолација во согласност со протоколот“, беше наведено од Бока.

Бока треба да ја отвори новата сезона против Либертад од Парагвај, но сега сè е доведено во прашање.

Во Аргентина владее многу хаотична ситуација кога станува збор за коронавирус, а провинцијата Буенос Ариес сè уште е една од жариштата.