Тајмаут
Што се случува всушност меѓу Златан и Дилета? Сомнителното однесување го распали интернетот
Златан Ибрахимовиќ и Дилета Леота се во центарот на вниманието на италијанските медиуми.
Ѕвездата на Милан и атрактивната презентерка имаат одлична врска. Заедно, тие учествуваа во снимањето на реклами, а исто така беа фатени на заедничка вечера.
Ова предизвика различни приказни дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нив. Дополнително, сè засилија гласините откако Дилета ја прекина врската со момчето Даниеле Скардин и почнаа да кружат шпекулации дека има нешто меѓу неа и Златан.
Сепак, ова е тешко да се поверува. Златан е во брак долги години со Хелена Сегер и честопати истакна дека е единствената и најдобрата жена на светот.
Дали во меѓувреме нешто се сменило и дали Златан се сврте кон атрактивната Дилета, веројатно ќе дознаеме во наредниот период.