Connect with us

Фудбал

Шурле на позајмица во Спартак од Москва

Германскиот фудбалер Андре Шурле следната сезона ќе биде дел од Спартак од Москва.

Шурле во Русија заминува како позајмица, иако само што се врати од Фулам, каде исто така  беше на позајмица.

Спартак од Москва може да го задржи овој 28-годишен офанзифeц во своите редови доколку се покаже следната сезона, бидејќи му истекува и договорот со Дортмун, па ќе биде слободен играч

Шурле во Дортмунд дојде 2016 година од Волфсбург, а играл и за Маинц, Бајер Леверкузен и Челзи.