Connect with us

Ракомет

Шведска против Данска во скандинавско четвртфинале на ракометниот Мундијал

Репрезентациите на Шведска и на Данска им се приклучија на селекциите на Црна Гора и на Франција во четвртфиналето на Светското првенство за ракометарки што се игра во Германија.

Данска во осминафиналето го победи домаќинот Германија со 21:17. Првото полувреме кое Данките го добија со 11:7 го одлучи победникот на овој дуел.

На вториот натпревар одигран синоќа, Шведска беше убедлива против Словенија славејќи триумф со 33:21.

Двете досега формирани четвртфинални двојки на Мундијалот се:
Шведска – Данска и
Франција – Германија.

За денеска се закажани другите осминафинални средби:
Романија – Чешка,
Русија – Јужна Кореја,
Јапонија – Холандија и
Шпанија – Норвешка.