Connect with us

Ракомет

Шведска со 29:20 ја совлада Белорусија

Шведска со 29:20 вечерва ја совлада селекцијата на Белорусија на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Швеѓаните во овој натпревар ја оправдаа фаворитската улога и уште на полувремето водеа со 16:11.

Со оваа победа Шведска има 6 поени што ја носи на втората позиција, иако и домаќините имаат исто толку, но бидејќи Швеѓаните беа подобри во меѓусебниот дуел се пред Хрватска.

Претходно во оваа група Франција ја совлада Србија.

Франција има 8 поени, Шведска и Хрватска по 6 и за пласман во полуфиналето ќе се борат на последниот натпревар.

Последното коло од групата се игра во среда, кога Шведска игра со Норвешка, а Хрватите играат против веќе пласираната Франција.

Франција е речиси сигурно пласирана во полуфиналето, а Хрватска за да обезбеди пласман во завршницата ќе треба да го совлада актуелниот светски првак со најмалку 3 разлика.