Connect with us

Фудбал

Сидорф и во Депортиво не „траеше“ повеќе од неколку месеци

Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф ја заврши својата епизода во Депортиво по само неколку месеци.

Седорф го презеде кормилото на тимот од Ла Коруња во почетокот на февруари со цел да избори опстанок во лигата, но тимот под негово водство забележа само две победи, а стравот од испаѓање во понизок ранк се пратвори во реалност.

Бидејќи поставената цел не беше исполнета, двете страни се разделија…

„Имав чест да ги бранам боите на еден клуб како Депортиво. Благодарам на сите во клубот за поддршка и на месеци зад нас“, изјави Седорф за официјалната страница на клубот.

Во досегашната тренерска кариера Седорф, покрај  Депортиво, беше тренер и на Милан и кинескиот Шензен. Ни тука не остана повеќе од неколку месеци.