Connect with us

Фудбал

Силно име во нападот: Баже Илијоски го засили Шкупи!

Најдобриот македонски голгетер, Баже Илијоски, својата кариера ќе ја продолжи во прволигашот Шкупи.

Илијоски потпиша договор на 18 месеци, а неговото фудбалски искуство ќе биде од големо значење за екипата на Ардијан Нухиу.

Новите спонзори од Турција се подготвени да го стабилизираат клубот од Чаир, а сигурно е дека Илијоски ќе биде квалитетно засилување за офанзивната линија.