Connect with us

Фудбал

Симеоне драстично казнет – По ова сигурно ќе го смени односот кон судиите

Диего Симеоне беше исклучен на првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа помеѓу Атлетико и Арсенал. Тренерот на Атлетико се налути откако судијата го покажа вториот жолт картон во 10-та минута од натпреварот на Шими Врсаљко.

Го навреди судијата (на неколку јазици го нарече кучкин син) и заработил исклучување, а дисциплинската комисија на УЕФА го казни жестоко. Доби дури четири натпревари суспензија, од кои на еден е веќе одработен, а тоа беше реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа во кој Атлетико се избори за  финале.

Симеоне ќе го пропушти и финалето на Лига Европа, во кое неговиот Атлетико ќе се бори за титулата против Олимпик Марсеј на 16 мај во Лион. Тој исто така, нема да биде на клупата и во Суперкупот на Европа доколку ако Атлетико ја освои Лига Европа, а ќе го пропушти и отворањето на групната фаза од Лигата на шампионите.

Покрај ова, исто така, добил и десет илјади евра казна за вербалните навреди кон судијата.