Connect with us

Фудбал

Симеоне го продолжи договорот со Атлетико

Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, а со потпишаното продолжување на соработката би требало да остане во клубот до летото 2027 година. Познатиот аргентински стручњак во 2011 година го презеде тимот на клубот за кој одигра најмногу натпревари во текот на својата играчка кариера (167) и го направи константен на врвот во шпанското првенство.

Како играч Симеоне во сезоната 1995/1996 година ја прослави двојната круна со Атлетико, а како тренер со него освои осум трофеи. Двапати ја освои Ла Лига, двапати ја освои Лигата на Европа и го одведе клубот до две финалиња во Лигата на шампионите. И покрај се, последнава година се појавија информации за негово можно заминување од клубот. Тој имаше важечки договор само до крајот на сезоната, а покана доби и од Саудиска Арабија. Тој договор нема да се реализира, Симеоне потпиша тригодишно продолжување на договорот.