Connect with us

Фудбал

Симеоне: Гризман во Барса? Мислам само на финалето

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека воопшто не размислува за потенцијалниот трансфер на напаѓачот на Атлетико Мадрид,  Антоан Гризман во Барселона.

Како што се наближува крајот на сезоната медиумите се почесто пишуваат дека Французинот ќе биде новиот член на шпанскиот првак, наводно Барса е спремна да плати 100 милиони евра.

„Не мислам за тоа. Единствено за што размислувам е мечот со Гетафе во лигата и финалето во Лига Европа следната среда. Ништо не сум видел, ништо не сум слушнал, се грижам за мојот тим. Гризман е тука и тренира како секогаш“, изјави Симеоне.

Гризман пристигна во Атлетико во 2014 година до Сосиедад, трансфер вреден 30 милиони евра.

Во дрсот на Атлетико има одиграно 206 натпревари и има постигнато 110 голови.