Connect with us

Фудбал

Симеоне и вечерва ќе биде подалеку од своите Фудбалери

Атлетико Мадрид и Марсеј ќе се борат вечерва во Лион за Европскиот трофеј.

Тимот од Мадрид ќе има нова шанса да дојде до трофеј, предводен од одличниот Диего Симеоне, но аргентинскиот стручњак нема да биде на теренот пред аут линијата и вечерва.

Тој ќе биде подалеку од теренот. Симеоне е принуден да го следи овој натпревар од трибината поради казната што ја доби од Европската фудбалска федерација (УЕФА) за навреда на судиите во првиот полуфинален натпревар против Арсенал.

„Тоа е тажно и грдо, но ќе сторам се за да го подобрам моето однесување“, изјави Диего Симеоне, кој после финалето, ќе пропушти уште два натпревари во следната сезона.

Неговото отсуство од клупата најверојатно ќе влијае на играчите на Атлетико. Сигурно е дека не е исто чувство да се игра без советите на Симеоне на теренот, а тоа ќе биде предност за Марсеј, бидејќи Аргентинецот е многу поврзан со фудбалерите на Мадридскиот тим.

Наместо Симеоне на теренот и на клупата на Атлетико ќе биде уште едно познато лице, Герман Бургос, кој одлично ја заврши работа против Арсенал.

Интересно е што оваа суспензија за Симеоне е шестата откако стана тренер и пропушти вкупно 20 натпревари.