Connect with us

Фудбал

Симеоне: Можеби се најдобриот тим во светот

Атлетико Мадрид синоќа загуби на гостувањето кај Манчестер Сити.

Беше 1:0, а англискиот тим успеа да ги пробие ѕидовите на гостите.

Сигурно не очекува многу интересен реванш.

„Добар натпревар против извонреден тим. Сакавме да се одбраниме, да го намалиме просторот и да се обидеме да се заканиме од контра.Токму кога се чинеше дека ќе ги имаме најдобрите шанси, примивме гол. Тоа беше тежок натпревар. Ги видовте нивните промени, излегоа три одлични, влегоа три подеднакво добри“, вели тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Тој верува дека се е можно на реваншот.

„Тие се можеби најдобриот тим во светот. Ќе го промениме начинот на игра на реваншот, но се е исто. Сити ќе игра исто“, додаде Симеоне.