Connect with us

Фудбал

Симеоне: Нека ми прости Реал Мадрид, ама шпалир од нас нема да добијат

Кога некоја екипа ќе остои титула во домашното првенство, веднаш на следниот меч, по непишано правило противниците прават т.н шпалир за шампионите. Реал Мадрид минатиот викенд ја завери титулата, но сепак таква чест нема да добие од нивниот градски ривал Атлетико Мадрид утре.

„Му честитаме на Реал Мадрид, на фудбалерите, тренерите и стручниот штаб, кои станаа шампиони. Ги почитуваме, но многу повеќе ги почитуваме луѓето кои се секогаш со нас, нашите навивачи. Секое општество има свои начини за изразување на честитки. Во Шпанија постои тој коридор, ‘пасиљо’ како начин за честитање на ривалите. Но, таму од каде што доаѓам јас тоа не се користи“, изјави тренерот на Атлетико Мадрид.

 

Реклама

Facebook