Connect with us

Фудбал

Симеоне сака ист трансфер прозорец за сите првенства

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеон побара да има ист трансфер рок за сите првенства.

– Во Кина можат да купуваат играчи до 28 февруари, што значи дека имаат два месециа во кои ќе се обидат да го убедуваат потенцијалниот фудбалер. Ќе беше многу подобро ако трансфер прозорец беше ист за сите. Тоа значи дека фудбалери , тренерите и клубовите ќе бидат многу порелаксирани, изјави Симеоне.

Тој се осврна на големиот број трансфери кон Кина.

– Ако станува збор за спортски развој, јас сум задоволен. Но, ако се работи за подобри економски услови, тоа е личен избор. Во фудбалот ништо не ме изненадува, сите опции за избор се можни, ели предводникот на Атлетико.