Connect with us

Ракомет

Симовски го скрати списокот за претстојните квалификации


Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентција на Македонија, Симе Симовски, го објави конечниот список на повикани ракометарки за собир за претстојните квалификациски натпревари (прва фаза) за обезбедување пласман за бараж натпреварите за СП 2019, кое ќе се игра во Јапонија, против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.

Селекторот избриша седум имиња од првичната листа која беше соопштена во текот на вчерашниот ден, па сега стана јасно кои 21 ракометарки ќе треба да се појават на првиот собир, кој е закажан за 19 ноември (понеделник) од 17,00 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје.