Connect with us

Фудбал

Синоќа сите гледаа во Роналдо: Што и кажа Португалецот на камерата додека го напушташе Олд Трафорд? (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед синоќа на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0, а Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието по натпреварот.

„Црвените ѓаволи“ конечно успеаја донекаде да ги израдуваат своите навивачи и да стигнат до нови три бода и да ги задржат шансите на крајот на чудесен начин да изборат пласман во Лигата на шампионите.

За Манчестер Јунајтед ова беше последен натпревар на Олд Трафорд оваа сезона бидејќи овој тим ќе гостува кај Брајтон и Кристал Палас во преостанатите две кола од ПЛ.

По мечот во центарот на вниманието беше Роналдо, кој според англиските медиуми можеби последниот меч за Манчестер Јунајтед го одиграл во „Театарот на соништата“, но навивачите на овој клуб не мислат така особено откако слушнале што кажал при напуштањето на теренот.

Познато е дека во последно време се почесто се пишува дека Роналдо ќе го напушти Јунајтед по само една сезона, а вчера некои англиски медиуми дури објавија дека е можно враќање во Реал Мадрид.

Роналдо синоќа успеа да постигне еден гол и доби овации кога го напушти теренот бидејќи е убедливо најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Многумина го следеа неговото однесување додека го напушташе теренот бидејќи беше јасно дека Роналдо е доста емотивен. Додека камерата го снимаше тој кажа нешто, а англиските медиуми објавија дека јасно рекол: „Не сум готов“.

Дали ова беше последен натпревар на Роналдо на „Олд Трафорд“ за Манчестер Јунајтед или само се прости од навивачите за оваа сезона, останува да видиме. Голема улога во сето ова ќе има фактот дали Јунајтед ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите или не.