Connect with us

Фудбал

Синот на Роналдињо го потпиша првиот договор, а во јавност се појави и неговата мајка

За многумина љубители на фудбалот од помладата генерација, Роналдињо е еден од најдобрите фудбалери.

Многумина почнаа да го сакаат фудбалот поради магијата која на фудбалските терени ни ја приредуваше Роналдињо. Бразилецот беше еден од последните фудбалски „волшебници“, а кариерата ја заврши пред неколку години.

Сепак, се чини дека се’ оставил во добри раце, затоа што неговиот син Жоао Мендес одлучил да оди по истите стапки. Неодамна, додека ова 14-годишно момче беше на проба во Крузеиро одлучи да го крие детаљот дека Роналдињо му е татко, затоа што сам сакаше да го заслужи договорот.

Со своите играчки способности ги одушеви челниците на клубот кои со него веднаш потпишаа соработка, а подоцна останаа шокирани кога дознаа дека тоа е синот на Роналдињо.

Кариерата на Мендес тргна во вистинскиот пат, а денеска и официјално стана новиот член на семејството Nike. Мендес потпиша соработка со Nike, а на потпишувањето на договорот присуствуваа и Роналдињо, и неговата мајка Џанина Мендес.