Connect with us

Фудбал

Сите чекаат на повик, а Коентрао “моли” да не оди на Мундијалот

Репрезентацијата на Португалија избори пласман на Светското првенство, а во Русија Португалците ќе допатуваат со надеж дека повторно ќе можат “од сенка” да направат голем резултат исто како што беше случај пред две години на Европското првенство.

Светско првенство во дресот на националниот тим е сонот на секое дете, а исто така и на секој фудбалер. Сепак, се чини дека фудбалерот на Спортинг, Фабио Коентрау има доволно искуство, барем засега.

Имено Коентрао има реална шанса да се најде на листата на патници за Русија, но искусниот Португалец апелираше до фудбалската асоцијација на нивната земја да не го вклучуваат во селекцијата која ќе настапи на Светското првенство.

„Минатата недела, по многу размислување, му реков на таборот на националниот тим дека се чувствувам дека не сум во можност да ја претставувам Португалија по исцрпувачки сезона… Никогаш нема да го свртам грбот на својата земја и се надевам дека во иднина ќе бида во можност да игра за националниот тим. Да тогаш јас секогаш ќе навивам за нашата селекција, ќе се видиме наскоро… Среќно“, изјави 32-годишниот Коентрао.

Инаку, Коентрао има забележано 52 настапи за Португалија, но поради повреда не учествуваат во историскиот освојување на Европското првенство пред две години.