Connect with us

Фудбал

Сите го сакаат фудбалерот на Челзи, останува во Премиер лигата, во игра четири тима

Претходно беше Тотенхем, кај Жозе Мурињо, но сега и Арсенал се спомнува. Има интерес за фудбалерот на Челзи, Вилијан. ЕСПН пишува дека „Топџиите“ направиле голем чекор во преговорите. Тој не крие дека би сакал да остане во Премиер лигата, а понуди има.

Според ЕСПН Вилијан не го интересираат примањата толку, колку што го интересираат проектот и шансите за титулата. Покрај Арсенал, Тотенхем, тука е и Ливерпул, каде сепак тој би бил играч за ротација. Има интерес и од надвор, поточно од Италија, се јавува Интер.