Други спортови
Сите сакаат да видат како ќе падне светскиот шампион
Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, уште еднаш прокоментира за можниот дуел против Флојд Мејведер, кој наскоро може да биде договорен, меч за кој ќе има огромен интерес.
Хабиб на почетокот од октомври го нокаутираше Конор Мекгрегор, со што ја задржа титулата шампион во лесна категорија, а иако многу фанови на УФЦ очекуваа негова борба против Тони Фергусон, сепак тој може да се бори против Мејведер.
- Поради историја, но и поради пари и спортски причини, борбата со Мејведер ќе биде интересна. Луѓето сакаат да го видат светскиот шампион како паѓа, затоа што тој постојано победува, а тоа е интересно. Сигурен сум дека многумина би платиле многу за пренос на борба помеѓу него и мене. Мејведер победи на 50 бокс натпревари, а јас исто така сум непоразен. Тоа сите ќе го гледат, порача Нурмагомедов.
Се уште не е познато дали и под какви услови Хабиб и Мејведер би одржале борба