Connect with us

Фудбал

Сите се враќаат, само Златан не! Јавете ми кога почнуваат тренинзите

Италијанскиот тим Милан им порачал на сите свои интернационалци до четврток да се вратат во Милано и да го почнат 14-дневниот карантин. Иако засега не се знае кога ќе почнат тренинзите или кога ќе продолжи Серие А, сепак италијанските клубови полека ги повикуваат своите играчи од странство, со цел да поминат во карантин, а потоа да учествуваат на тренинзите.

Но, според дел од италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ им порачал на челниците на Милан дека нема да доаѓа сега. Наводно тој им рекол да му јават кога ќе го знаат точниот датум кога ќе почнат тренинзите, па тогаш ќе дојде.

Инаку, Ибрахимовиќ во изминатите денови тренира со Хамабри во Шведска, клуб во кој има купено акции и е во сопственичката структура.