Connect with us

Фудбал

Сите веќе го отпишаа, ја надмина легендата, а сега доби фантастична вест од клубот

Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Шпанија.

За одличниот бразилски дефанзивец Марсело тоа е 24. освоен трофејот во дресот на Реал Мадрид и со тоа стана играчот со најмногу освоени титули во дресот на кралевите прескокнувајќи ја легендата на Пако Гент.

Иако пред неколку месеци шпанските медиуми објавија дека Марсело ќе се врати во својата земја, дури и го прецизираа името на новиот клуб (Флуминенсе), се чини дека Реал има подобри планови за него.

Според шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, десниот бек кој на 12 мај ќе наполни 34 години, не донел одлука, но ќе добие нова понуда да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

“Не знам што ќе се случи. Многу сум среќен што ја освоив титулата и среќен што играм за најдобриот тим во светот. Штотуку ја надминав легендата на Мадрид, како Пако Гент”, изјави Марсело и продолжи:

„Јас сум играчот со најмногу трофеи во светот во историјата и клубот и тоа е нешто непроценливо. Останувам или не? Сакам да останам, тоа е јасно“, изјави Марсело, кој се уште нема добиено нова понуда од клубот, но очигледно ќе ја добие.