Фудбал
Сите зборуваа едно, а Садио Мане друго
Како бомба по финалето на Лигата на шампионите одекна информацијата дека Садио Мане од Ливерпул ќе се пресели во Баерн Минхен. Германските медиуми наведуваат дека се е готово, и дека трансферот наскоро ќе биде официјализиран, а на ист став се и Шпанците. Мадридски АС претходно ја објави веста дека Мане веќе се поздравил со соиграчите и му посакал среќа на Јурген Клоп и на останатите.
Мане во Ливерпул e шест одлични години каде што го стекна статусот на еден од најдобрите играчи во светот и освои неколку трофеи вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Договорот на искусниот офанзивец со „црвените“ истекува во летото 2023 година, но сега се наведува дека тој нема да го напушти Ливерпул.
-Сакам да останам овде, добро сум. Ливерпул е мојот дом, не сум го завршил ова поглавје“, изјави Мане и со тоа ги разочара навивачите на баварскиот гигант.
Германски Билд е убеден дека Мане кариерата ќе ја продолжи во Баерн. Според нивни извори, преговорите се во напредна фаза. Засега се споменува цифра од 30 милиони евра, додека Ливерпул се надева на поголема цифра.