Connect with us

Фудбал

Сити и Реал немилосрдни, Јувентус поразен од Манчестер Јунајтед

Во рамки на 4. коло од Лигата на шампионите Манчестер Сити и Реал Мадрид забележаа високи победи и запишаа нови три бода, истото го сториа и Баерн Минхен и Манчестер Јунајетд, а без победа завршиа натпреварите Бенфика – Ајакс и Лион – Хофенхајм.

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и издвојува висок победа на домашен терен против Шахтар. Избраниците на Гвардиола до самиот крај на натпреварот не престанаа да ја „полнат“ мрежата на противникот, а резултатот го отвори Давид Силва во 13. минута од натпреварот.

На 2:0 зголеми Габриел Жесус со гол од пенал во 24. минута од натпреварот, а со тој резултат и двете екипи заминаа на пауза.

На самиот почеток на второто полувреме, односно во 49. минута Рахем Стерлинг зголеми на 3:0, а потоа во 72. минута повторно Габриел Жесус од пенал зголеми на 4:0 за Манчестер Сити.

Во 84. минута Ријад Марез го зголеми водството на Сити на 5:0, а Габриел Жесус на самиот крај на натпреварот ги постави конечните 6:0.

Реал Мадрид со 5:0 ја совлада Викторија Плзен. Избраниците на Солари уште во првиот дел од натпреварот завршија голем дел од работата постигнувајќи четири голови.

Резултато го отвори Бензема во 21. минута од натпреварот, а по само две минути игра Каземиро зголеми на 2:0.

Во 37. минута повторно Бензема ја затресе мрежата на Плзен и го зголеми водството на Реал на 3:0, а во 40. минута од натпреварот Бејл зголемува на високи 4:0.

Во 67. минута од натпреварот Крос ја завери победата на Реал и ги постави конечните 5:0 за тимот од Мадрид.

Јувентус, со пресврт беше поразен во Торино од Манчестер Јунајтед со 2:1. „Старата дама“ покажа одлична игра, создаваше одлични шанси и многупати се закани по голот на „Црвените ѓаволи“.

Конечно во 65. минута од натпреварот Јуве доаѓа до водство од 1:0 благодарение на одличниот гол на Роналдо.

На Јунајтед му беа потребни само четири минути за да го сврти натпреварот во своја корист и од Торино да замине со три бода. Во 86. минута од натпреварот Мата постигнува одличен гол од слободен удар и го изедначува резултатот на 1:1, а во 90. минута, по центаршутот на Манчестер, одбранетата топка од Шчесни се одби од Бонучи и заврши во голот на Јувентус.

Баен Минхен на „Алијанц арена“ ја пречека екипата на АЕК. Избраниците на Нико Коваќ издвојуваа рутинска победа од 2:0.

Стрелец на двата голови за „Баварците“ беше Роберт Левандовски во 31. (пенал) и 71. минута од натпреварот.

На натпреварот Бенфика – Ајакс не беше одлучен победникот. Двете екипи постигнаа по еден гол и ги поделиа бодовите.

За домаќините голот го постигна Џонас во 29. минута, а бод на гостите му донесе Душан Тадиќ со гол во 61. минута од натпреварот за конечните 1:1.

Лион на домашен терен не успеа да го совлада Хофенхај кој второто полувреме играше со играч помалку. Французите на полувреме дојдоа до предност од 2:0 со головите на Фекир во 19. и Ндомбеле во 28. минута.

Дополнителен проблем за гостите направи и исклучувањето на Нуху Касим кој во 51. минута заработи втор жолт карто и беше испрате кон соблекувалната.

И токму кога сите мислеа дека се е готово, дека Лион ја има победата и дека Хофенхај нема шанса да се врати во натпреварот Андреј Крамариќ со голот во 65. минута ја врати надежта на Ховенхајм и намали на 2:1.

Гостите на самиот крај од натпреварот успеаа да се спасат од пораз, а резултатот го изедначи Павел Кадерабек.

Сепак, Хофенхајм се враќа дома со бод од ова тешко гостување.