Connect with us

Фудбал

Сити има и план Б ако не го донесе Халанд: Никогаш нема да погодите кого сакаат на Етихад

Манчестер Сити е главниот кандидат да го доведе Ерлинг Халанд во своите редови.

Сепак, на тој план има голема конкуренција, особено во форма на Реал Мадрид.

Членовите на клубот од „Етихад“ имаат и план Б доколку не успеат да ја доведат свездата на Борусија Дортмунд и Норвешка.

Според италијанскиот новинар Никола Шире, Манчестер Сити започнал преговори за трансфер на португалскиот напаѓач Рафаел Леао од Милан.

Англискиот клуб веќе му се обратил на неговиот менаџер Жорге Мендеш, а сумата која Милан ја бара за откуп на договорот на талентираниот напаѓач е 70 милиони евра.

„Росонерите“ се обидуваат да го убедат Рафаел Леа да остане во Милан, нудејќи му продолжување на договорот до 2026 година и годишна плата од 4,5 милиони евра, изјави изворот.

Според италијанските медиуми, Рафаел Леао е и во центарот на вниманието на ПСЖ и Барселона.

Рафаел Леао оваа сезона постигна 12 гола на 36 натпревари, а неговата цена според Трансфермаркт е 50 милиони евра.

Да потсетиме, овој 22-годишен фудбалер ја започна кариерата во Спортинг, кратко настапуваше за Лил, а од летото 2019 година е член на Милан. За португалската репрезентација забележа пет настапи.