Connect with us

Фудбал

„Скај“: Доколку си замине од Барса, Дембеле оди во Премиер лигата

Усман Дембеле кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата, доколку во понеделник ја напушти Барселона пред крајот на преодниот рок, пренесува Sky Sport.

Како што се наведува, неговите агенти бараат решение за незавидната ситуација во која се најде на „Ноу Камп“.

Барселона во четвртокот повторно му порача на Дембеле да најде друг клуб доколку не сака да потпише краткорочен договор со намалување на платата.

Скај пишува дека Французинот би сакал да остане во каталонскиот клуб до крајот на договорот, односно до крајот на оваа сезона. Сепак, клубот јасно му стави до знаење дека треба да си замине доколку не ги прифати новите услови.

Дембеле дојде во Барселона во 2017 година за 135 милиони фунти, но имаше големи проблеми со повредите.