Connect with us

Фудбал

Скандал: Претседател на Фудбалски сојуз силувал фудбалерки во тренинг камп

Угледниот весник „Гардијан“ објави дека претседателот на Фудбалскиот зојус на Хаити Ив Жан-Берт е обвинет за силување на фудбалерки во тренинг камп. Тој од 2000-та година е претседатело на сојузот, а дури пет години сексуално ги вознемирувал фудбалерките, пред тие конечно да се одлучат да прозборат за скандалот.

За скандалот да биде поголем, Жан-Барт имал„посебна девојка“ која за него вршела притисок на девојките да имаат сексуален однос со претседателот.

Даду (прекарот на Ивен Жан-Барт) ќе се дојдеше во тренинг кампот и ги снимаше своите жртви. Ќе избереше некја девојка и ќе ја пратеше „својата девојка“ да и каже дека ќе биде исфрлена од тренинг кампот. Потоа, нормално, девојката добива совет да разговара со Даду и дека тоа е единственит начин да остане во тренинг кампот. Од тој момент започнуваше злоставувањето – раскажува за „Гардијан“ фудбалерка на Хаити која сакаше да остане анонимна.

 

Тој секако ги негираше обвинувањата, а во истрагата ќе се вклучи и ФИФА бидејќи од нивни средства се потрошени 6 милиони долари за изградба на кампот.