Connect with us

Фудбал

Скандал-Тренерот на Рома се степал со свој играч во соблекувална, па го извадил од игра во второто полувреме!

Екипата на Рома сезонава бележи катастрофални резултати во италијанската Серија А, а по дебаклот против Фиорентина во Фиренца, од соблекувалната на „Волчицата“ излезе голем скандал.

Како што пренесува „Кориере дело спорт“, тренерот на Рома, Иван Јуриќ, имал физичка пресметка со Џанлука Манчини, стоперот на тимот, во соблекувалната на полувремето од натпреварот.

Веќе во првиот дел од играта Рома прими три гола, Јуриќ беше очигледно незадоволен од играта на тимот, а на паузата се ескалира и се претвори во тепачка. По тепачката Јуриќ реши да го остави Манчини на клупата и да го извади од игра, каде што беше заменет со Балданзи. Италијанските медиуми пишуваат дека станало сосема јасно дека Јуриќ ја загубил контролата во соблекувалната, но Хрватот сепак успеал да избегне отказ според последните информации на Скај Италија.

Инаку, Манчини, заедно со Паоло Дибала, Леандро Паредес и Лука Пелегрини, по натпреварот завршија на „чешлање“ од навивачите. Фудбалерите се обидоа да ги смират и да им ја објаснат ситуацијата, но залудно. Стрелци во победата на Фиорентина синоќа беа Мојс Кин (2х), Лукас Белтран, Едоардо Бово и Матс Хумелс кои си постигнаа автогол, додека единствениот гол на Рома беше дело на Ману Коне.