Connect with us

Фудбал

Скандал во Молдавија: Мечот со Австрија се уште не започна!

Откако беа испеани химните, се очекуваше почетокот на натпреварот, но непоканет гостин „слета“ на стадионот „Зимбура“.

Дронот го прелета теренот и едноставно создаде големи проблеми и не беше можно да се даде сигнал за почеток на натпреварот.

Главниот судија на натпреварот, Тирни, по консултација со останатите судии, одлучи да почека уште некое време откако се чинеше дека дронот заминува.

Сепак, дронот се врати на другата страна на теренот, а судиите одлучија да ги испратат играчите во соблекувалната бидејќи опасноста што може да ја предизвика дронот е преголема.

Се уште нема информации дали натпреварот воопшто ќе започне или не, бидејќи непознатиот поединец кој управува со дронот очигледно нема намера да престане да создава проблеми.