Connect with us

Други спортови

Скандалозно видео на светски првак: Вака треба да ја удирате жена додека сте во карантин

Некои луѓе прво ќе направат нешто, а потоа дури размислуваат дали тоа ќе предизвика некои реакции. Тоа му се случи на светскиот првак во бокс во супер средба категорија WBO, Били Џо Сандерс.

Тој направи видео снимка во својот двор како стои покрај вреќа и објаснува на кој начин треба да се удира жена додека сте во изолација поради Ковид-19.

-Доколку вашата жена многу приговара, вие обидувајте се да останете трпеливи и мирни, но по шестиот ден, едноставно ќе експлодирате. Одеднаш тргнала кон вас, ви плука отров во лицето, подготвена да каже нешто на пример дека садовите сте ги оставиле. Нешто што може да ја налути. Чекори кон вас и во тој момент едноставно го губите трпението. Експлодирате и ја погодувате во вилицата. Во тој момент ќе и светне пред очите, се ќе гледа бело и ќе се прашува што и се случило. Нема да знае што ја снашло, а вие во тој момент ќе завршите со коленото.

Веројатно не бил свесен во тој момент што кажува. Па, неколку моменти подоцна по бурните реакции, се огласи на твитер.

-Никогаш не би направил такво нешто и да видам некој да удира жена лично би го распарчил на парчиња. Имам ќерка и да видам некој со прст да ја допре, тоа би бил неговиот крај. Се извинувам доколку навредив било која жена. Останете благословени, напиша тој.