Connect with us

Фудбал

Сколс упати шокантен предлог до Јунајтед за крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед има уште една турбулентна сезона.

„Црвените ѓаволи“ доживеаја нов удар кон средината на оваа недела кога Ливерпул ги демонтира во дербито со 4:0.

До крајот на сезоната Јунајтед ќе има тешка борба да оди во европските натпреварувања, а легендата на клубот од Олд Трафорд, Пол Сколс, даде интересен предлог.

Имено, Сколс предлага Јунајтед да игра опуштено до крајот на сезоната и да ја заземе осмата позиција, поточно следната сезона да не оди во европските натпреварувања.

Сколс смета дека би било идеално новиот тренер Ерик тен Хаг да го организира тимот, да се базира само на домашното првенство, бидејќи ќе му треба многу време на клубот да излезе од актуелната криза.

Прашањето е и колку може Тен Хаг. Солскјаер и Рагник се обидоа, но Јунајтед едноставно не успеа. Го вратија и Кристијано Роналдо, но ниту тоа не донесе силен ефект на лошата игра на „Ѓаволите“.

На навивачите им е тешко да ги следат изданијата на нивниот тим и се надеваат дека оваа агонија ќе заврши што поскоро кога е во прашање еден од најголемите англиски клубови.