Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Скопје против Победа до значајни три бода

Екипата на Скопје на домашен терен ја пречека екипата на Пбеда, на овој натпревар фудбалерите на Скопје ја совладаа екипата на Победа.

На само едно коло до крајот Скопје успеа да се избори за седмото место на табелата, а Победа да се симне една позиција подолу (8), сепак и двете екипи имаат по 35 бода.

Уште од почетокот на натпреварот Скопје ја имаше доминацијата, а тоа се покажа и во 17. минута кога Ѓоко Алексовски успеа од пенал да постигне гол за победа на Скопје.

Последното коло од ПМФЛ ќе се одигра во недела со почеток од 16:30, а екипата на Скопје ќе му гостува на Работничики и ќе има шанда са ја задржи седмата позиција која обезбедува бараж, а Победа ќе ја пречека екипата на Ренова. Останува да видиме кој ќе игра бараж а кој ќе испадне во втора лига.