Connect with us

Фудбал

Скопје следната сезона ќе ја игра во втора лига, Работнички ќе игра квалификации за Лига Европа

Во последното коло од ПМФЛ, Скопје загуби од Работнички со резултат 3:2.

На натпреварот од последното 36. коло Скопје гостуваше кај Работнички. На натпреварот и двете екипи беа израмнети со покажаната игра но сепак Работнички во последните минути успеа да постигне гол за победа, и да го задржи третото место од табелата кое обезбедува квалификации во Лига Европа.

Скопје се покажа како достоен противник на Работнички, иако Бенџамин Демир да постигнат гол во 39. минута за водство на Скопје, на самиот крај од првото полувреме Петар Петковски успеа да постигне гол за 1:1. 

Во второто полувреме Скопје во 63. минута со голот на Кофи успеа да дојде до повторно водство од 1:2, но водството траеше само 3 минути, кога во 66. минута Христијан Кировски, постигна гол за израмнување (2:2), Христијан Кировски по втор пат ја затреси мрежата на Скопје во 82. минута за водство и победа на Работнички од 3:2. 

Со оваа победа Работнички остана на третата позиција и обезбеди квалификации за Лига Европа, а Скопје се симна една позиција (9) и следната сезона ќе ја игра во втора лига.