Connect with us

Ракомет

Скопско финале во Битола – Вардар и Металург ќе се борат за титулата

Иако се очекуваше неизвесен полуфинален натпревар помеѓу Еурофарм и Металург, предноста уште од почетокот на натпреварот беше во рацете на Металург.

И двете битолски екипи денеска беа поразени, Вардар го совлада Пелистер со високи 47:26, а екипата на Металург го совлада Еурофарм со 28:21.

Уште од почетокот на натпреварот Металург ја имаше контролата на играта, и не дојде во ситуација да „брка“ негатива. Колку и да изгледаше дека Еурофарм сака нешто да направи, нивните акции изгледаа „млитао“, но сепак за разлика од Пелистер покажаа подобра игра, и пружија поголем отпор на Металур.

Сепак металург издвојува победа над Еурофарм со 28:21 и се пласира во финалето, а таму ќе се бори за титулата во ракометниот куп на Македонија против Вардар.

Финалето од ракометниот куп на Македонија помеѓу Вардар и Металург ќе се одигра утре со почеток во 16:30 часот.