Connect with us

Фудбал

Славеше гол во стилот на Роналдо, го обвинија дека било провокација: Ме совладаа емоциите, но домашното воспитувње на ми дозволува да не ги почитувам повозрасните

Забележав дека мојата прослава на голот предизвика многу коментари кои тврдеа дека не сум го почитувал Кристијано Роналдо, што не е точно, изјави фудбалерот на Гана, Осман Букари.

Португалија ја совлада Гана со 3-2 во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство, а Букари го постигна вториот гол и го прослави погодокот во стилот на Роналдо.

Букари по натпреварот истакна дека неговата цел не била да го провоцира Роналдо.

-Ме совладаа емоциите во моментот кога го постигнав голот за својата земја во својот дебитантски настап на Мундијалот. Моето домашно воспитување не ми дозволува да не укажам почитување кон повозрасните, а уште помалку кон мојот идол. Ви благодарам на поддршката, а ние се фокусираме на следниот натпревар, напиша Букари на својот Твитер профил.

Гана в понеделник игра против Јужна Кореја.