Фудбал
Следува долга пауза за ѕвездата на Интер поради повреда на коленото
Дефназивецот на Интер и француската фудбалска репрезентација, 27-годишниот Бенжамин Павард поради повреда на левото колено ќе биде надвор од терените најмалку шест недели.
„Тестовите направени утрово ја потврдија првичната дијагноза на дислокација на пателата на левото колено. Ногата на францускиот дефанзивец ќе биде имобилизирана три до четири недели, а потоа ќе може да започне со закрепнување“, објави Интер во понеделникот.
Павард во летниот преоден рок дојде во Интер од Баерн, каде мина четири сезони. Италијанските медиуми проценуваат дека на францускиот фудбалер ќе му требаат еден и пол до два месеци за да се врати на терените. Павард се повреди во саботната победа на Интер над Аталанта (2:1), на гостувањето во Бергамо, кога по корнер во 32. минута се судри со нигерискиот напаѓач Адемоло Лукман и незгодно слета.
Лекарскиот тим веднаш го намести коленото на теренот, а Павард остатокот од мечот го мина на клупата за резервни играчи.