Connect with us

Фудбал

Слика која кажува многу: Меси не кажа ни збор во соблекувалната, играчите намерно го игнорираат?

ПСЖ беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако кралевите направија пресврт во последниот половина час на крилата на брилијантниот Карим Бензема и славеа со 3:1.

На ПСЖ не му помогна ниту Лионел Меси, кој очигледно не се снајде најдобро во ПСЖ.

Посебно е интересна една ситуација од синоќешниот натпревар. Марко Верати беше во шеснаесетникот на Реал и не му ја додаде топката на Лионел Меси кој беше на белата точка, што всушност беше мат позиција за Аргентинецот, бидејќи статистичарите пресметаа дека Меси постигнал дури 20 гола во Лигата на шампионите од истата позиција.

Зошто Верати не ја додаде топката, дали намерно бил себичен или не го видел Аргентинецот, тешко е да се каже, но очигледно е дека друштвото на ѕвезди во ПСЖ не функционира како што замислувале водечките луѓе во клубот.

По мечот Меси наводно не кажал ниту збор во соблекувалната, а некои медиуми пишуваат дека играчите на ПСЖ намерно го игнорираат Меси на теренот и дека неговото доаѓање не создало соодветна клима во тимот.

Ова не е крај на страдањата на парижаните. Според информациите кои доаѓаат од странските медиуми, Нејмар и Џанлуиџи Донарума се судриле во соблекувалната откако Бразилецот поради грешка при првиот гол на Бензема почнал да се дере на својот италијански колега.

Наводно дошло до физичка пресметка, односно тепачка меѓу нив двајца, па соиграчите едвај ги разделиле. Донарума не се предаде, и самиот го обвини Нејмар дека ја загубил топката што доведе до вториот гол на Реал.

Останува да видиме како ПСЖ ќе се справи со целата оваа ситуација, со оглед на фактот дека неконтролирано излегување имаше и сопственикот Насер Ал-Хелаифи, а Маурисио Покетино се чини дека си поднесе оставка по разочарувачката нова сезона во Лигата на шампионите.