Connect with us

Ракомет

Словенија ја изненади Шпанија и ја направи групата уште поинтересна

Ракометарите на Словенија со 31:26 ја совладаа селекцијата на Шпанија со што ситуацијата во групата 2 од главната фаза од Европското ракометно првенство стана уште поинтересна.

Словенците уште од самиот почеток на натпреварот одржуваа блага предност, а резултатот на полувремето беше 13:12.

Најефикасен кај Словенците беше Гаспер Маргуч со 5 постигнати погодоци, додека кај Шпанците шест погодоци постигна Феран Соле.

Во моментов прва во групата 2 е Данска со 6 поени, по што следуваат Шпанија и Германија со по 4 поени. Македонија и Словенија имаат по 3, додека Чешка е последна со 2 поени.

Вечерва од 20 часот и 30 минути, Македонија игра против селекцијата на Чешка.

Последното коло од групната фаза се игра утре, кога што Македонија ќе игра против предводникот Данска, Германија и Шпанија играат меѓу себе, а селекцијата на Словенија ќе игра со Чешка.