Connect with us

Фудбал

Случка од животот, екс фудбалер на Ливерпул се одмаздил на силеџија од средно школо кој го тепал

Џон Арне Рисе, поранешен фудбалер на Ливерпул и норвешката репрезентација. Овој фудбалер беше дел од култното финале од ЛШ на Ливерпул и Милан кое во регуларниот дел заврши 3:3, а потоа „црвените“ славеа на пенали. Вреди да се напомене дека до последните момени Ливерпул губеше со 3:0.

Но, овој текст е за една друга приказна на Рисе. Имено, фудбалерот неколку дена по овој меч се вратил во Норвешка. Седнал во еден од рестораните на Мекдоналдс, нарачал оброк и знаел кого ќе сретне таму.

Имено, имал информација дека во тој ресторан работи негов познаник од детството со кој нема добри спомени.

-Момчето кое ме малтретираше кога бев дете работеше во тој Мекдоналдс. Немам ништо против тоа, но тогаш само што станав европски првак. Нарачав „Happy Meal“ за да ги изразам своите чувства. Тој ме виде, јас го видов него. Се му беше јасно. Добив храна и заминав од ресторанот. Беше навистина сјајно да се види неговиот израз на лицето. Во себе си зборев „право во лицето“, раскажа Рисе анегдота од својот живот за канал Stadium Astro.