Connect with us

Фудбал

СМС: Супер ми е во Лацио, не планирам да заминувам

Сергеј Милинковиќ – Савиќ кажува дека неговата цел е да остане во Лацио, иако се поврзува со многу клубови.

Српскиот репрезентативец е на мета на Милан, Интер, како и некои странски клубови, но тој се уште е во Лацио и веројатно таму ќе остане.

„Имам договор, иако никогаш не знаете што се случува во фудбалот, но мојата глава е во Лацио и фокусиран сум на мојот тим“, кажа СМС по поразот од Арсенал.

Оваа сезона има намера да продолжи со истата игра која ја покажа во минатата сезона, и истакна дека му е драго кога гледа колку луѓе со нетрпение ги чекаат натпреварите на Лацио, па макар тоа било и подготвителен натпревар.