Connect with us

Фудбал

Снимката од Рамос и Навас го обиколи светот: Килијан Мбапе е виновен за се (ВИДЕО)

Во дербито од 30. коло на француската Лига 1, ПСЖ го совлада Марсеј со 2:1 и дојде на чекор до математички обезбедување на титулата.

ПСЖ во 12. минута дојде во водство. Нејмар ја искористи одлична асистенција од Верати и го измами голманот Лопез за 1:0.

Гостите успеа да се вратат во мечот. Се играше 31. минута кога хрватскиот репрезентативец Челета-Цар погоди за 1:1.

Нов гол за ПСЖ до крајот на полувремето. Мбапе искористи пенал во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме и беше 2:1.

Во продолжението имаше повеќе прилики пред двата гола, но сепак до крајот остана 2:1, резултатот од првото полувреме.

Да додадеме дека голот на Марсеј на Салиба во 85. минута од натпреварот беше поништен по ВАР.

Интересна ситуација се случи во 19. минута кога Килијан Мбапе имаше одлична можност, но не погоди за 2:0.

Неговиот неуспех ги изненади соиграчите на клупата, особено Серхио Рамос и Кејлор Навас чија реакција го обиколи светот.

Погледнете го видеото кое стана вирално по синоќешното дерби.