Connect with us

Фудбал

Со овој трансфер, Лука Јовиќ може да се разбуди од сонот и да се врати во реалност

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ летово се пресели во најголемиот клуб на светот, Реал Мадрид, но тука започнаа првите проблеми од неговата кариера.

Неговиот талент не излезе на виделина, па многумина сметаат дека не му е местото во Реал. Дека избрза зборува и минутажата. Тој не игра многу во Реал. Во некои натпревари тој не ни влегува на теренот, а како стартер е многу редок.

Вест Хем Јунајтед ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација во јануарскиот рок, пишуваат странските медиуми.

Во јануари, сакаат да го позајмат Јовиќ, на кој дефинитивно му требаат минутажа на теренот, а останува да се види дали ќе се постигне договор помеѓу тимовите од Лондон и Мадрид.

Инаку, Јовиќ ги пропушта и следните два натпревари на српската репрезентација и дефинитивно ќе мора да направи нешто наскоро за да ја оживее кариерата.

Во Вест Хем би играл со поранешниот соиграч од Ајнтрахт Франкфурт, Себастијан Халер, што сигурно би било добра идеја за него.

Халер исто така го напушти германскиот клуб ова лето и се упати кон Островот, каде досега има постигнато четири гола на седум натпревари.