Connect with us

Фудбал

Со Светското првенство на секои две години, Инфантино сака да спречи луѓе да се дават во Средоземното море

Светското првенство на секои две години одамна е топ тема.

На тоа најмногу инсистира првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, а сега најде уште една причина да верува во неговата идеја, а тоа се однесува на Африка.

Според Проектот за исчезнати мигранти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале додека се обидувале да го преминат Средоземното море од Африка до Европа на различни начини, а сега Инфантино тоа го користи во своето лобирање.

„Мораме да им дадеме шанса на сите, но да го направиме тоа достоинствено. Не со давање милостина, туку со овозможување на остатокот од светот да учествува. Мораме да и дадеме надеж на Африка и на тој начин да ги спречиме ризичните премини на Медитеранот во потрага по можеби подобра живот“, рекол Инфантино. па заклучил:

„Таа потрага по подобро често завршува фатално, на овој начин можеме да го спречиме трагичното давење на мигрантите“.

УЕФА, КОНМЕБОЛ и водечките европски клубови и играчи експлицитно се противат на оваа идеја, но таа наиде на одобрување во Африка.

Да потсетиме, следното Светско првенство е закажано за ноември и декември оваа година и ќе се одржи во Катар.