Connect with us

Фудбал

„Со Зидан не зборев 2 години, поради неговиот потег испушив 250 цигари за 10 минути“

Легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан се пензионираше на 34 години. Иако имаше неверојатна кариера, сепак она што го направи во финале на СП во 2006 остави дамка.

Зидан со глава во градите го удри Марко Матераци, па доби црвен картон. Италија потоа на пенали го освои насловот првак на светот, но и денеска остана неодговорено прашањето што би се случувало на теренот доколку Зидан останеше во игра.

Неговиот потег и денеска не може да му го прости неговиот соиграч од репрезентацијата и тогашен член ба Баерн Минхен, Вили Сањол. Како што вели тој цели две години не му прозборел на Зидан.

-По мечот Зидан се извини во соблекувалната. Јас тоа извинување не го прифатив. Воопшто не сакав да разговарам со него. Едноставно не беше добар момент, изјави Сањол.

Утехата Сањол во тие моменти ја барал во цигарите, како што вели поради Зидан за 10 минути испушил голем број цигари.

-Отидов во купатилото и испушив можеби 250 цигари за 10 минути. Со Зидан не разговарав две години, но сепак во 2008-ма се оженив и мојата сопруга ме убеди да го покнам. Тоа го направив, разговаравме и решивме се, вели Сањол.

Тој во Баерн Минхен играше 9 години, настапи на повеќе од 250 мечеви, а едно време од клупата го предводеше тимот откако во 2017 отказ доби Карло Анчелови. Но, оваа негова епизода траеше само осум денови, бидејќи за нов тренер беше назначен Јуп Хејнкес, а Сањол замина од клубот и се прости од тренерската работа.