Connect with us

Фудбал

Солскјер има листа на засилувања, на неа дури 14 фудбалери

Манчестер Јунајтед се чини дека нема да го почуствува ударот од коронакризата. Наводно според медиумите се подготвувал голема инвестиција за следната сезона. На списокот на желби на Оле Гунар Солскјер се наоѓаат дури 14 фудбалери.

Меѓу нив секако има и големи имиња. Најзвучни се Кари Кејн од Тотенхем и Жадон Санчо од Борусија Дортмунд. Тука секако е и Н’Голо Канте од Челзи за кого би требале да одвојат поголема сума на пари.

Покрај нив Солксјер ги сака офанзивците од Астон Вила односно Лестер, Чек Грелиш и Џејмс Медисон. Сепак, нивните цени се малку „солени“, Астон Вила бара 60 за Грелиш, додека Лестер за Медисон 80 милиони фунти.

Џуди Билингам од Бирмингам е на листата на желби на Солскјер кој чини 25 милиони фунти, но неговата желба наводно е Борусија Дортмунд.

Покрај гореспомнатите на листата уште се: Деклан Рајс (Вест Хем), Доно ван де Беек (Ајакс), Шон Лонгстаф (Њукасл), Ерлинг Хааланд (Борусија Дортмунд), Тимо Вернер (Лајпциг), Одион Игало (Шангај Шенхуа/позајмен во Јунајтед), Муса Дембеле (Лион), Калиду Кулибали (Наполи) и Матијас де Лихт (Јувентус).